Psihopatologija (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 12 | Nivo:
Fakultet po psihologija
КРАТОК ВОВЕД ЗА ПРЕДМЕТОТ
ПСИХОПАТОЛОГИЈА
Психопатологијата е научна дисциплина која се
занимава со проучување на пореметувањата на психичките функции и процеси. Таа
на систематски начин ги истражува симптомите на патолошките состојби на
манталниот живот. Истовремено таа ги открива нивните причини и взаемни односи
како и нивните последици. За разлика од психологијата , психопатологијата се
занимава со отстапувањата или аберација од нормалните појави на перцептивните
процеси, емоциите, вниманието, учењето, мотивацијата, вољата и сл. Сознанијата
од општата психопатологија служат како темел на психијатријата, како и на
клиничката психологија.
* * * * * * * *
Изборот на темата за семинарска работа
неслучајно е шизофренијата, иако како патологија припаѓа на психијатријата, но
поради нејзината комплексна природа која ги опфаќа скоро сите психички процеси,
претставува предизвик за секој што одбрал професија која се занимава со
проучување на ,,душата,, на човекот. Можноста да ги запознаеме од близу болните
од шизофренија, да ги слушнеме и да ги препознаеме специфичните симптоми
претставува уште еден голем поттик да се пишува за нивната патологија.
Ш И З О Ф Р Е Н И Ј А
В О В Е Д
Шизофренијата е една од најтешките ментални
пореметувања. Таа претставува група на ментални растројства кои се
карактеризираат со клинички полиморфизам, разнообразност во структурата на
шизофрените симптоми и со различна еволуција и прогноза. Оваа тешка психичка
болест е последица на пореметување на биохемијата на мозокот. Болните од
шизофренија имаат потешкотии да го разликуваат субјективното доживување од
објективната реалност.
Името шизофренија потекнува од грчките зборови
схизис што значи цепење и пхренос што значи душа. Името прв го употребил Еуген
Блојлер во 1911 г. означувајќи ја со тоа име посебната група синдроми на
психички пореметувања. Познати се неговите описи на шизофренијата под името
,,Бројлеров 4 А,, кое го опфаќа примарниот опис на болеста со пореметување во
сферата на Афекти, Асоцијации , Амбиваленција и Аутизам. Името на оваа тешка
болест ја означува суштината и укажува на расцеп и несклад(дисоцијација) помеѓу
психичките функции, пред се на процесот на мислење и афектите при што е
наречена идеоафективна дисоцијација. Ваков вид на дисоцијација единствено и за
голема среќа се среќава само кај шизофренијата и кај ниедно друго душевно
заболување. Ја карактеризира несклад помеѓу содржината на мислите, афектите и
вољата. Нормално е кога нешто се доживува и што е во текот на процесот на
мислење да се одразува со афекти така што ако имаме чувство на лутина , тоа е
придружено со мимика или пак доживување на радост се гледа на изразот на лицето
, меѓутоа тоа не постои кај болниот од шизофренија.
Према МКБ-10 шизофренијата се дефинира како
тешко душевно пореметување кое се карактеризира со пореметување на мислењето и
перцепциите, а афектот е неадекватен или отупен. Свеста останува бистра, јасна,
така што постои свесност за се она што се случува со него и околу него.
Интелектуалните функции се исто така зачувани, но после долги години боледување
може да дојде до интелектуално пропаѓање. Болеста има хроничен тек со влошување
и ремисии, но нокогаш не доаѓа до конечно излекување , што пак има големо
социјално-медицинско значење бидејќи претставува оптеретување, како за
семејството, така и за општествената заедница. Припаѓа во групата на психози
што подразбира таква психичка состојба каде што се присутни налудничави идеи и
халуцинации, пореметена и изгубена врска со реалноста и губење на ,,Его,,
границата.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!